Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тајсон и Холифилд блиску до ново соочување во рингот

Објавено

на

Боксерските легенди Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд би можеле да го исполнат ветувањето за ново соочување во рингот, кое би било организирано и реализирано во хуманитарни цели.

Дел од влијателните светски медиуми шпекулираат дека борбата меѓу 53-годишниот Тајсон и 57-годишниот Холифилд може да се одржи на 11 јули во Дирија, во Саудиска Арабија, а на интернет веќе се појави и промотивен постер.

Промотерите од двете страни досега не објавиле никакви официјални информации, но враќањето на легендите на активни тренинзи ги подгреаја шпекулациите дека се подготвуваат за атрактивно соочување на двајца ветерани, а и самиот Холифилд призна дека постојат шанси за ваков егзибициски дуел.

Поранешните светски шампиони во тешка категорија се соочија во 1997 година, во дуелот во кој Тајсон одгриза дел од увото на Холифилд, по што беше дисквалификуван, а привремено ја загуби и боксерската лиценца.

Барем додека нема класичен демант, боксерските фанови може да се надеваат дека борбата Тајсон-Холифилд може да биде реалност уште ова лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни