Поврзете се со нас

Германија

Тајниот план на Баерн: Како Баварците експресно го обезбедија потписот на Сарагоса

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBayern

Информацијата дека Баерн Минхен го добил потписот на Брајан Сарагоса ги изненади дури и најдобро информираните шпански медиуми, а денеска трансферот на талентираниот фудбалер стана официјален и потврден од сите инволвирани страни.

Крилниот напаѓач ќе ја доигра сезоната во редовите на Гранада, а на германскиот првак ќе му се приклучи на подготовките за следната сезона, правејќи голем и значаен исчекор во кариерата.

„Марка“ објави детали за целата „тајна акција“ на Баерн, која била реализирана во понеделникот, кога Сарагоса во друштво на својот татко и адвокат заминале со приватен авион во Минхен.

Таму Шпанецот потпишал договор со Баерн, според кој Гранада ќе добие фиксни 12 милиони евра, плус опција за 4 милиони евра во вид на бонуси, а добро поминал и фудбалерот со годишна плата од 3,5 милиони евра.

Баерн решил да реагира брзо бидејќи за Сарагоса сериозно биле заинтересирани и РБ Лајпциг и Борнмут, а медиумите во Шпанија го открија трансферот еден ден подоцна, за денеска да бидат појасни и сите детали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни