Лига на шампиони
Тајник: Две работи беа пресудни за победата на Пелистер
Тимот на Еурофарм Пелистер успеа да издвојува супер важна победа над Висла Плоцк во Лигата на шампионите, триумф кој му дава надеж на нашиот првак за место во нокаут фазата на ова натпреварување.
„Зелено-белите“ го надиграа полскиот претставник во пеколот во Битола со 21:18, а еден од оние кој имаше значаен придонес беше Домен Тајник. Тајник со четири гола беше втор стрелец во својот тим зад Филип Кузмановски, но според него пресудно за славјето била играта во одбраната и расположениот голман Никола Митревски кој имаше 13 интервенции.
-Одлично се подготвивме за овој натпревар, добро трениравме од почетокот на оваа недела и задачите беа прецизни. Мислам дека низ целиот натпревар добро работевме во два правци, одбраната беше клучен фактор, а и Никуч на голот кој беше одличен од почетокот до крајот.
-Знаеме каква екипа е Висла, топ екипа во Европа и завршивме навистина добра работа. Има уште многу грешки кои може да се поправат, треба да работиме на тренинзите и веќе на следната средба да грешиме помалку. Пред полна сала во најтешките моменти наоѓавме сила и дополнителен мотив да победиме. Од почетокот до крајот имавме се под контрола, па на крајот се заслужено се радувме на победата. Сега ќе има поголем притисок, сега сме шестопласирани во групата. Секој следен меч е уште поважен, се надевам на уште бодови во ЛШ, -порача Тајник.
Наредната средба за Пелистер во оваа конкуренција е наредната година против Спортинг во Португалија.
-
Англија13 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија15 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија19 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија20 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Репрезентација9 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија6 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
НБА18 часа
Морант со две лудории во низа донесе драматична победа за Мемфис (Видео)