Поврзете се со нас

Европски првенства

Тајната на англискиот голман: Повеќенаменското шише на Пикфорд го реши пенал рулетот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/England

Џордан Пикфорд често знае да биде критикуван од јавноста и омаловажен како недоволно добар да го брани англискиот гол, но реалноста е дека чуварот на мрежата на Евертон секогаш е клучен кога ќе дојде до пенал рулет.

Пикфорд направи клучна разлика и на вчерашното четвртфинале со Швајцарија и го одбрани првиот пенал на Аканџи, а страната која ја одбра не ја направил по слободен избор.

Англиските фоторепортери открија дека шишето за вода на Пикфорд било повеќенаменско, односно голманот направил „домашна задача“ која на крајот вроди и со плод.

Пикфорд направил список за сите потенцијални пеналџии на Швајцарија, а во редот за Аканџи пишува „фрли се лево“.

Џордан го направи тоа и донесе почетна предност за Англија во пенал рулетот, во кој подоцна прецизни беа сите пет изведувачи на ударите од 11 метри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни