Англија
„Тајмс“: Сити и Челси соочени со пожестока казна од таа доделена на Евертон

Вчерашната одлука за одземање 10 бодови на Евертон може да биде најава за многу поголема бура во Премиер лигата.
„Тајмс“ денеска излезе со информација дека по казната за клубот од Ливерпул, независната комисија која одлучува за ваквите санкции може да испорача многу пожестоки казни за Манчестер Сити и Челси.
Премиер лигата веќе има докази за прекршување на финансискиот фер плеј од страна на многу побогатите премиерлигаши, а со оглед на бројот на прекршени правила и престапи, казните би ги ставиле Сити и Челси во многу непријатна ситуација.
„Тајмс“ најавува казни со одземање најмалку 30 бодови за двете екипи, па дури и исфрлување од Премиер лигата и префрлување во понизок ранг на натпреварување.
Во моментов Сити е на врвот со 28 бодови, па најавената казна би значела враќање на дното на табелата, додека Челси би бил во многу понезгодна ситуација бидејќи досега освои само 16 бодови.
-
Англијапред 19 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 17 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 20 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 22 часа
Конкуренција за Гарначо: Тривела-магија во Англија се издвојува како сериозен кандидат за „Пушкаш“ наградата (Видео)
-
Англијапред 4 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Германијапред 16 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
Светпред 14 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година