Поврзете се со нас

Англија

„Тајмс“: Ливерпул одбил понуда на Реал за Александер-Арнолд

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Не беше голема тајна дека Реал Мадрид е заинтересиран за Трент Александер-Арнолд, но шпанскиот клуб очигледно не сака да губи време и тргнал во офанзива за англискиот репрезентативец уште пред да почне јануарскиот преоден рок.

„Тајмс“ објави ексклузивна вест според која Ливерпул веќе добил официјална понуда од Реал за десниот бек и истата експресно била одбиена.

Според ова сценарио и ако Ливерпул не го промени ставот, Александер-Арнолд ќе ја промени средината по крајот на сезоната, но тогаш „црвените“ нема да имаат право на отштета за правата врз фудбалерот.

Англискиот репрезентативец очигледно веќе дал зелено светло за трансферот и дефинитивно одлучил да се пресели во Реал, но засега не е јасно дали ќе мора да чека до летниот преоден рок.

Реал е дефицитарен на позицијата десен бек и посакува Александер-Арнолд да почне со адаптација уште во вториот дел од актуелната сезона, но Ливерпул има своја математика и веројатно не сака да биде ослабен во сезоната во која има сериозни шанси да триумфира во Премиер лигата и се бори за уште неколку трофеи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни