Поврзете се со нас

АТП

„Тајмс“: Ѓоковиќ и Мари донесоа конечна одлука за меѓусебната соработка

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ и Енди Мари режираа едно брилијантно и неочекувано партнерство кое беше најавено уште на крајот на минатата година, па откако можевме да ги гледаме како тим на Аустралијан Опен, двајцата порачаа дека ќе мора добро да размислат пред да донесат одлука за следниот чекор.

Британецот одлично се снајде во улогата на тренер на својот некогашен голем ривал и навистина добро им одеше до полуфиналето, но на крајот Ноле поради повреда му предаде на Александер Зверев и мораше да се откаже од сонот наречен 11-та титула во Мелбурн.

Добрата игра која ја прикажа Србинот јасно потврди дека му годи соработката со Мари, а откако двајцата најавија дека ќе седнат на маса за да донесат одлука околу идната соработка, по се изгледа веќе дошло до такво нешто.

Како што пренесува угледниот британски медиум „Тајмс“, Мари и порачал на Ема Радукану да почне потрага по нови тренерски имиња на својата листа, бидејќи тој ќе биде тренер на Ѓоковиќ најмалку до средина на 2025-та година.

Мари и Ѓоковиќ се договориле да бидат заедно и на наредните два грен слем турнири во годината, односно Ролан Гарос и Вимблдон, по што најверојатно повторно ќе ги соберат впечатоците и ќе одлучат дали продолжуваат како тим и до крајот на годината.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни