Поврзете се со нас

АТП

Тајли: Секогаш е забавно да се разговара со Рафа, му требаше време…

Објавено

на

Foto:twitter.com/RafaelNadal

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал по долга пауза треба да се врати на терените и тоа на почетокот на наредната календарска година на турнирот во Бризбејн.

Надал имаше големи проблеми во 2023 година во која по Австралија Опен не настапи на ниту еден турнир, мораше да мине низ долг процес на закрепкување по повредата и откако ги направи сите напори сега е подготвен да се натпреварува или во најмала рака да проба да види дали може да го одигра „последниот танц“.

Сите вистински тениски фанови се среќни поради неговиот кам-бек, а меѓу нив е и Крег Тајли кој е директор на Австралија Опен.

-Секогаш е забавно да се разговара со Рафа, затоа оваа работа е толку одлична. Колку прекрасна личност. Тој е здрав, тренира добро, игра како секогаш и оди напред. Му требаше време да излезе со објавата бидејќи сакаше да се увери дека ќе може да се врати и да игра, -порача Тајли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни