Поврзете се со нас

Свет

Тајгер Вудс заработил сериозни повреди во сообраќајна несреќа (Видео)

Објавено

на

blank

Тајгер Вудс заработил сериозни повреди во сообраќајна несреќа и е итно хоспитализиран, – објавија американските медиумите.

Големата голф ѕвезда имала сериозен инцидент, во кој неговиот автомобил излетал од патот, а Вудс бил ослободен од внатрешноста дури по интервенцијата на пожарникарите.

Вудс веднаш е префрлен во болница во Лос Анџелес, а првичните информации се дека има повреди на нозете и итно е опериран.

Во инцидентот не учествувале други возила, а првите снимки од местото на настанот покажуваат дека автомобилот е сериозно оштетен и токму поради тоа било искомплициран и процесот на извлекување на повредениот голфер.

Информациите се потврдени од локалната полиција и од агентот на Вудс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни