Поврзете се со нас

Македонија

Таири и Кочоски остануваат верни на Струга

Објавено

на

Струга Трим Љум продолжува да го составува составот за новата сезона, па така потписи на ново договори ставија Фламур Таири и Валентин Кочоски.

Таири повеќе од пет години е дел од Струга и најмалку уште една сезона ќе го носи дресот на истиот. Кога е во прашање Кочоски тој минатото лето дојде од Пелистер, остави добар впечаток и се избори за двегодишен договор.

Македонскиот прволигаш претходно ги „врза“ Бесмир Бојку, Буњамин Шабани, Ард Касами, Абдилхади Јахја и тренерот Срѓан Захариевски, додека пак ангажиран беше поранешниот макеонски репрезентативец Бесарт Ибраими.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни