Поврзете се со нас

Шпанија

Тага во Шпанија и Барселона: Почина Маркос Алонсо!

Објавено

на

Фудбалскиот свет денеска остана без уште едно име-поранешниот шпански репрезентативец Маркос Алонсо Пења.

Некогашниот ас на Расиинг Сантандер, Атлетико Мадрид, Барселона и Логроњес почина на 63 години по долга борба со болест. Тој ги мина сите категории на шпанската репрезентација, а на клупски план најдобрите успеси ги имаше во дресот на Барселона каде за пет години освои неколку титули во шампионатот и куповите.

По завршувањето на кариерата тој му се посвети на тренерскиот занает и ги водеше Рајо Валјекано, Севилја, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Валјадолид, Малага и Гранада.

Инаку негов син е сегашниот член на каталонците, Маркос Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни