Свет
Тадиќ заработил полесна повреда откако возвратил на напад од вооружени крадци во Амстердам

Душан Тадиќ како капитен на Ајакс остана да биде лидер на тимот од Амстердам и тој е вистински миленик меѓу навивачите на холандскиот великан, но сепак и добра мета за крадците кои пред две недели се обиделе да го ограбат Србинот.
Српскиот репрезентативец доживеал голема непријатеност пред својот дом во Амстердам, а иако инцидентот се случил ноќта меѓу 27 и 28 јули, холандските медиуми пренесуваат за инцидентот дури сега откако добиле подетални информации од самиот фудбалер.
„Де Телеграф“ открива дека Тадиќ бил пречекан пред својот дом во Амстердам од двајца вооружени напаѓачи со ножеви, кои на себе носеле и кациги со цел да не им се гледаат лицата.
Намерата била да се украде неговиот скап часовник, но наместо да попушти, Тадиќ пружил отпор и возвратил на нападот на еден од крадците. Србинот му го симнал визирот од кацигата и го удрил напаѓачот, по што заработил и полесни телесни повреди.
Откако сфатиле дека Душан нема лесно да им го предаде тоа што го сакаат, крадците си заминале во паника со мотоцикл, а Тадиќ се сокрил во најблискиот ресторан. Истиот извор вели дека Тадиќ преземал посебни мерки за безбедност по овој инцидент, па сега има поставено обезбедување пред својот дом.
-
Италијапред 22 часа
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
АТПпред 23 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Светпред 16 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Шпанијапред 24 часа
Десет играчи кои Барселона може да ги донесе во летниот преоден рок
-
Шпанијапред 17 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)
-
Светпред 13 часа
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!
-
Германијапред 21 час
Мане ја предводи листата: Баерн прави чистка во своите редови во летниот преоден рок