Поврзете се со нас

Свет

Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)

Објавено

на

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ се најде во центарот на вниманието на денешното холандско дерби меѓу ПСВ и Ајакс.

Тадиќ реализираше пенал во 92. минута и му донесе бод на Ајакс, па влезе во конфронтација со десниот бек на домашниот тим Дамфрис кој претходно го обвини дека глуми во моменти кога доби прекршок.

Српскиот фудбалер на Ајакс не остана имун на провокациите и влезе во вербална расправија со капитенот на ПСВ откако израмни на 1:1, а нивната караница продолжи и по последниот судиски свиреж, при што двајцата сакаа да влезат и во физичка пресметка.

– Ја земав топката да изведам пенал, а пред мене стоеја тројца играчи на ПСВ. Дамфрис ми порача дека сум пи.ка, дека не сум никаков лидер, дека ќе го утнам пеналот. Постигнав гол и што требаше да направам? Да му се заблагодарам што ме нарече така. Не, јас не сум таков. Му одговори како што мислев дека треба, – изјави Тадиќ кој пак е капитен на Ајакс.

Инаку, со освоениот бод во самата завршница, Ајакс спречи ПСВ да им се приближи на само минус три на првенствената табела, па во дадената ситуација остана статус кво и ги двојат шест бодови на врвот.

Овој инцидент секако остави црна дамка на големото холандско дерби, по кое фановите на ПСВ го чекаа Србинот пред излезот од стадионот и едвај му дозволија да влезе во автобусот на Ајакс. Капитенот на тимот од Амстердам беше погоден и со паричка од еден од бесните навивачи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни