Поврзете се со нас

Свет

Тадиќ: Можев да заминам во Барселона, но Ајакс е мојот клуб од соништата

Објавено

на

Душан Тадиќ изненади многумина со одлуката од Саутемптон да премине во Ајакс, но тоа се покажа како вистински погодок со оглед на тоа што со клубот освои титули во шампионатот и Купот, но и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.

Сето ова заедно со фантастичните негови партии, голови, асистенции, влијание врв играта на екипата придонесе да добие повик од Барселона, но Србинот се реши да не ја прифати и да остане во Амстердам, одлука за која воопшто не жали ниту денеска.

-Можноста (да се преселам во Барселона) беше тука минатата година, но јас не отидов. Ова е мој клуб и ќе направам сè за него. Одлуката да дојдам во Ајакс е најдобрата во мојот живот. Отсекогаш бил мојот клуб од соништата, поради филозофијата, великаните што играа тука, историјата, навивачите. Ајакс е најубав од сите, -истакна Душан за холандски Телеграф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни