Табарес по вториот триумф на Уругвај: Една работа ме изненади

tabarez

Уругвај успеа да ја победи Саудиска Арабија и си обезбеди пласман во следната рунда на СП во Русија, но селекторот Оскар Табарес беше искрен на прес-конференцијата по мечот и призна дека неговите фудбалери играле многу лошо.

– Единствената работа која ме изненади на натпреварот против Саудиска Арабија е колку лошо одигравме, посебно во првото полувреме.

– Секако дека сакаме да имаме повеќе шанси, но на СП мора да се биде многу внимателен. Одигравме два натпревари без жолт картон, без примен гол, без повреди, но ќе видиме што ќе се случува понатаму. Не очекуваат тешки противници, а респектот кон секого е наша религија, – вели искусниот Табарес.

Уругвај во последното коло се среќава со домаќинот Русија во борбата за првото место во групата.

Facebook Коментари