Свитолина ја исфрли Халеп од ВТА шампионатот во Сингапур (Видео)

svitolina

На завршниот ВТА шампионат во Сингапур познато се двете полуфинални двојки, откако денеска се комплетираше првата фаза со одигрувањето на мечевите во црвената група.

Третото коло донесе два изненадувачки резултати и елиминација на првиот светски рекет Симона Халеп. Романката имаше само една можност за да дојде до четирите најдобри и тоа да слави над веќе елиминираната Елина Свитолина и тоа откако во драматична средба Каролин Гарсија од Франција славеше над Каролин Вознијацки од Данска со 0-6, 6-3, 7-5.

Халеп падна под притисокот и загуби од Свитолина со 6-3 и 6-4 притоа овозможувајќи на Гарсија да дојде до дури првото место во групата, а со тоа воедно во полуфиналето да игра против Венус Вилијамс.

Другаиот пар го сочинуваат победничката на белата група Каролина Плишкова и Вознијацки.

Facebook Коментари