Поврзете се со нас

Италија

Свилар одбрани пенал, Љоренте со мајсторија спречи втор пораз во ерата на Де Роси (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома одигра потпросечно на гостувањето на „Артемио Франки“ и реално заслужи да остане поразена од Фиорентина, но лошата ефикасност на домаќините ја оставија „волчицата“ во игра, а важен за тоа беше и голманот Миле Свилар.

„Виолетовите“ поведоа со голот на Раниери во 18-та минута и заслужено дојдоа до предност поради прикажаното на теренот, но сепак не искористија да имаат и подобра позитива со оглед на иницијативата која ја имаа во првиот дел.

Рома тргна многу подобро во вториот дел и се врати во игра со погодокот на Ауар, но Фиорентина експресно возврати и повторно се врати во предност со голот на Мандрагора.

По вториот гол на домаќините, се беше во знакот на тимот на Италијано и Белоти се избори за пенал по наивниот старт на Паредес, но капитенот Бираги не беше прецизен од белата точка.

Поточно, Миле Свилар одлично го прочита и му го одбрани шутот, па така Рома остана во игра до самиот крај и во 95-та минута следеше казна, и тоа преку Љоренте кој постигна фантастичен гол за 2:2.

Рома на овој начин избегна втор пораз во ерата на Де Роси и останува петопласирана на табелата, со три бода помалку од Болоња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни