Поврзете се со нас

Свет

Свилар ја одби Србија, а сега остана со „празни раце“ поради правилото на ФИФА

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Миле Свилар го одби повикот од Драган Стојковиќ со јасна цел да ја промени селекцијата за која настапува, но желбата на голманот на Рома сепак нема да се реализира во целост.

Белгиската Фудбалска Федерација ги искористила сите конекции во обидот да го регистрира Свилар како свој репрезентативец, но правилата на ФИФА се јасно утврдени и истите велат дека фудбалер кој е постар од 21 година не може да менува Федерација.

Свилар запиша деби за Србија во 2021-ва година и тој еден меч направил да не може да направи промена во оваа фаза на кариерата, па сега тој излегува најголем губитник во целата ситуација.

– Ја следевме ситуацијата со Свилар и сакавме да стане наш член од репрезентацијата. За жал, постои проблем и ФИФА и нашите правни лица не информираа дека Свилар веќе не може да ја менува Федерацијата за која еднаш играл, – изјавил белгискиот селектор Тедеско.

По ваквиот развој на настаните, во најнепријатна ситуација е ставен самиот голман, кој иако има шанса да продолжи да ги брани боите на Србија, тешко е за верување дека во блиска иднина ќе добие повик од репрезентацијата кој самиот ја одби пред извесно време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни