Поврзете се со нас

Лига на нации

Свидерски допатува од САД за да игра во Лигата на нации, па извиси поради неверојатна грешка (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/pzpn_pl

Полска доживеа тежок пораз на последното гостување кај Португалија во Лигата на нации, а ситуацијата во таборот на поразената селекција дополнително ја влоши и една голема административна грешка.

Карол Свидерски е фудбалер кој настапува за Шарлот во Соединетите Американски Држави, но неговиот долг пат за настап за националниот тим се претвори во фијаско кое донесе многу критики за федерацијата.

Полскиот селектор Михал Пробиерж решил да го стави Свидерски во игра во 72. минута, но делегатот не ја дозволи замената бидејќи одговорните во националниот тим не го регистрирале за настап на овој дуел. За да биде уште полошо, Свидерски мораше да ја напушти и клупата бидејќи не бил пријавен за резервен фудбалер за натпреварот.

– Свидерски не можеше да настапи поради човечка грешка. Му се извинивме на фудбалерот во соблекувалната и целата ситуација е завршена, – рекол портпаролот на федерацијата по средбата во Порто.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни