Светското кошаркарско првенство во 2023 година доделено на три азиски земји

fiba-wc2023

Светската кошаркарска федерација денеска одлучи да ја додели организацијата на СП во 2023 година на три азиски земји, поточно на Јапонија, Индонезија и Филипините.

Азиското трио добило повеќе гласови од заедничката кандидатура на Аргентина и Уругвај, а на овој кошаркарски мундијал ќе учествуваат 32 репрезентации. Ова ќе биде прво СП кое ќе се одржува во повеќе земји, а неочекувано е и второ по ред на азискиот континент откако тоа во 2019 година и е доделено на Кина.

Интересно, полуфиналните и финалниот натпревар ќе се играат во филипинскиот град Бокаве, односно во арената која има капацитет од 55.000 гледачи.

Facebook Коментари