Поврзете се со нас

Шпанија

Светскиот шампион од 2010. година му се нуди на Анчелоти: Би играл гратис за да му бидам резерва на Бензема

Објавено

на

Фернандо Љоренте е дете на Атлетик Билбао и најголем дел од својата кариера ја мина токму во матичниот клуб, но сега открива дека неостварена желба му е да заигра за Реал Мадрид.

Поранешниот шпански репрезентативец кој беше дел од тимот кој ја освои светската титула во 2010-та година сега има 37 години и последно играше за Еибар, но во моментов нема клуб и чека добра прилика и понуда за да направи нов чекор во кариерата.

– Не знам што ми носи иднината, но се уште имам голема желба и страст да играм. Немам играно три месеци на клупско ниво, но се уште тренирам напорно и барам нешто што ќе ме задоволи. Сакам да продолжам, но ако не испадне ништо, ќе мора да најдам нешто друго што ќе ме исполни.

По етапата во Атлетик, Љоренте првиот голем трансфер го направи во Јувентус, а после тоа играше и за Севилја, Свонси, Тотенхем и Наполи, пред да се врати во Шпанија и да заигра за Еибар минатата сезона.

– Да бидам искрен, никогаш не бев блиску до Реал Мадрид, иако секогаш постоеше интерес. Кога Реал ме сакаше, имав договор со Атлетик и не сакав да си одам. Во моментот кога се укажа шанса, Јувентус беше побрз од Реал. Ако сега ми се јави Анчелоти и ме повика, би играл гратис за да му бидам замена на Бензема, – искрено признава Љоренте во интервјуто за „Ел Ларгеро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни