Поврзете се со нас

Свет

Светскиот шампион на Аргентина: Рамос е убедливо најдобар, никој немаше да го знае Пике ако играше за…..

Објавено

на

blank

Оскар Ругери надалеку е познат во Аргентина како еден од најдобрите дефанзивци кои некогаш се појавиле во оваа земја, не само поради тоа што беше дел од златната генерација која го освои Светското првенство во 1986-та година, туку и поради пргавиот стил на игра со кој претставуваше ноќен кошмар за напаѓачите.

Ругери со својот груб пристап на теренот често знаеше да се најде во клинч со противниците, а како човек на кого не му смета да гледа и валкани потези на теренот, смета дека Серхио Рамос е убедливо најдобар дефанзивец во овој момент.

– Најдобар во светот е Серхио Рамос. Далеку најдобар од сите останати, тој е приказна за себе во светски рамки, – вели легендарниот Ругери во интервјуто за „Фокс Спортс“, во кое јасно стави до знаење дека не е голем фан на Жерард Пике.

– Пике е просечен играч, како мене, како многу други во светот. Негова предност е тоа што е многу познат, тој е во врска со пејачката Шакира.

– Ужива голема популарност во јавноста, но ако играше во Валенсија, никој немаше да го знае и да зборува за него. На Пике му годи тоа што Барселона има впечатлив стил на игра, инаку е нормален играч, ништо посебно, – заклучува Ругери.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни