Поврзете се со нас

Атлетика

Светскиот шампион на 100 метри доби двегодишна суспензија

Објавено

на

blank

Актуелниот светски шампион во атлетската дисциплина 100 метри, Кристијан Колмен заработи двегодишна суспензија.

Американскиот атлетичар не се појавил на три допинг тестирања и поради тоа автоматски ја заработи суспензијата, која ќе го оддалечи од натпреварувањата наредниот период.

Колмен стана светски шампион на 100 метри на Светското првенство во Доха минатата година, а сега ќе остане без настап и на Олимпијадата во Токио која беше одложена за 2021 година.

Атлетичарите имаат посебен протокол според кој ги прават допинг тестовите на одреден период, а мора да ја информираат анти-допинг агенцијата за својата локација, при што нејзини претставници можат да направат ненајавен допинг тест.

Колмен го пропуштил тој на 9. декември, а иако одговорното лице го испочитувало задолжението да чека еден час, 24-годишниот Американец во жалбата тврдел дека бил на божиќен шопинг на локација одалечена пет минути од домот, но одговорните лица не се ни обиделе да го контактираат.

Иако не постои сомнеж или доказ дека Колмен користел допинг средства, неговиот несериозен однос му донесе автоматска суспензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни