Поврзете се со нас

Олимписки игри

Светскиот рекордер на 3.000 метри се бореше за злато, но претрпе тежок пад и остана без свест на тартанот (Видео)

Објавено

на

Вчера на програмата беше финалната трка во стиплчес на Олимписките игри во Париз, а за жал, истата беше одбележана од еден страшен пад кој ги преплаши фановите.

Трката на 3 илјади метри со препреки заврши со победа на Мароканецот Ел Бакали кој го освои златниот медал, но човекот кој требаше да биде негоов главен ривал за најславното одличје не ја заврши трката.

Ламеча Гирма пред една година постави светски рекород во оваа дисциплина и беше голем фаворит за највисок пласман, меѓутоа еден непријатен пад по прескокнување на една препрека го остави без свест.

Атлетичарот од Етиопија загуби свест и во драматични услови беше изнесен на носилки од стадионот, а најдобра вест од целата оваа драма е тоа што нема некоја посериозна повреда.

Иако ќе остане во болница на опсервација, Гирма брзо си ја вратил свеста и е во стабилна состојба, а тоа го потврдил и неговиот тренер за француските медиуми во Париз.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни