Поврзете се со нас

Карате

Светски универзитетски игри: Македонските каратисти обезбедија две финалиња во Самсун

Објавено

на

Македонската универзитетска карате репрезентација денеска го продолжи настапот на Светските универзитетски игри, а во утринските часови успеа во елиминацискиот дел да обезбеди две финалиња и тоа во дисциплината екипно борби, за мажи и за жени.

Предводен од селекторот Бошко Заборски, машкиот тим во состав Давид Петков, Петар Спасеновски, Петар Заборски, Глигор Петков и Димитар Илиевски, успеа во полуфиналната борба да ја победи силната екипа на Турција со резултат 3-2.

Утре, македонскиот тим во финалниот дел ќе се бори за златниот медал, а за противник ќе го има тимот на Јордан.

Претходно, македонскиот универзитетски карате тим на Европската универзијада која се одржа во Лоѓ, Полска во месец јули оваа година, исто така беше во финалето и тогаш го освои златниот медал. Сега оваа генерација на каратисти има можност да ја освои и светската титула во дисциплината екипно борби и со тоа да стане највисоко рангирана екипа во светот.

Женскиот карате тим денеска исто така во полуфиналната борба забележи победа и беше поуспешен од екипата на Турција и победи со резултат од 1-0.

Во финалето нашите девојки ќе се сретнат со силната екипа на Хрватска. За тимот настапуваат Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска, Марија Петровска и Моника Пендаровска.

Во поединечните настапи кои се одржаа збирно во првиот и вториот натпреварувачки ден, нашите спортисти успеаја да обезбедат четири борби за бронзениот медал кои се закажани за утре.

За бронзени медали по поединечна конкуренција утре ќе се борат:

1. Давид Петков -67 кг

2. Ангела Мојсовска – 68кг

3. Викторија Јовановска – 61 кг

4. Марија Петровска -55 кг

На Светските универзитетски игри на Боречки спортови кои се одржуваат во Самсун , Турција пријавени се 1100 учесници од 300 светски универзитети од 50 држави .

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни