Поврзете се со нас

Свет

Светски шампион потпиша за евролигашот: Монако донесе засилување од НБА лигата

Објавено

на

Екипата на Монако вчера неочекувано остана без трофејот во Купот на Франција, но тој неуспех денеска беше покриен со еден голем трансфер, засилување за евролигашот.

Имено нов член на францускиот прволигаш е искусниот германски репрезентативец Даниел Тајс. Тој од 2017 година настапуваше во НБА лигата и по епизодите во Бостон Селтикс, Чикаго Булс, Хјустон Рокетс, Индијана Пејсерс, Лос Анџелес Клиперс, Њу Орлеанс Пеликанс и по одиграни 411 натпревари се враќа на стариот континент.

Тој потпиша договор до крајот на натпреварувачката 2025/2026 и треба да биде огромно засилување во борбата под кошевите. Светскиот шампион со Германија добро ја познава Евролигата каде како член на Брозе Бамберг имаше учинок од 9,4 поени, 4,5 скока и 0,8 блокади на 54 натпревари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни