Поврзете се со нас

Атлетика

Светската атлетска федерација објави ревидиран календар со 11 етапи во Дијамантската лига

Објавено

на

Светската атлетска федерација денеска го објави ревидираниот календар за новата сезона и според истиот, првото поважно натпреварување ќе се одржи во август, а на програмата ќе бидат 11 митинзи во рамките на Дијамантската лига.

Сезоната треба да стартува со Континентал тур митингот во Финска на 11 август, додека Дијамантската лига официјално ги откажа предвидените етапи во Лондон, Цирих и Рабат поради коронавирусот.

Првиот митинг од Дијамантската лига е планиран во август во Монако, а сезоната ќе заврши со настанот во Кина закажан за 17 октомври 2020 година.

– Наш приоритет е здравјето на атлетичарите и другите учесници, а задоволен сум што ќе им овозможиме доволен број интернационални настапи во пресрет на Олимпијадата.

– Факт е дека поради рестрикциите за патување, дел од нив нема да можат да учествуваат на сите митинзи, но се надевам дека ќе имаат доволно шанси за квалитетни натпревари, – изјавил Себастијан Кое, претседател на Светската атлетска федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни