Поврзете се со нас

Франција

„Светците“ во акција: ПСЖ доставил богата понуда до Меси

Објавено

на

Францускиот шампион Пари Сен Жермен во повеќе наврати не ја отфрли можноста за ангажман на Лионел Меси, а како што стојат работите „светците“ веќе се фрлиле во акција и доставиле конкретна понуда до капитенот на Барселона.

Меси е во последните месеци од договорот со шпанскиот великан и ПСЖ само ова да го искористи и ја донесе големата ѕвезда во своите редови без никакво трансфер обештетување. Според ТНТ Спортс Бразил и новинарот Марсело Беклер, аргентинскиот репрезентативец добил богата понуда, понуда која е недостижна за Барселона, па и за останатите клубови.

Се работи за договор на две години со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Од таборот на францускиот прволигаш сметаат дека нивниот проект, амбиции да бидат број еден во Европа е уште еден адут во нивните раце со кој можат да го убедат Лео да се пресели во Париз.

Инаку Марсело е истиот новинар кој го обелодени заминувањето на Нејмар од Барселона и оној кој извести за факсот на Меси со кој минатото лето искажа желба да си замине од „Камп Ноу“.

Засега нема никаков одговор од напаѓачот кој нема намера да донесе никаква одлука додека трае сезоната, поточно тоа ќе го направи по крајот на натпреварувалката 2020/2021.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни