Поврзете се со нас

Англија

„Светците“ се враќаат во Премиер лигата: Армстронг му пресуди на Лидс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/SouthamptonFC

Саутемптон ќе игра во Премиер лигата во натпреварувачката 2024/2025, место кое го обезбеди откако попладнево славеше над Лидс Јунајтед над „Вембли“.

За двете екипи ова беше меч да се биде или не, односно меч кој одлучуваше за експресно враќање во елитната англиска конкуренција по само една сезона мината во Чемпионшип.

„Светците“ беа тие кои ја добија битката и тоа со славје од 1-0 со голот кој во првиот дел го даде напаѓачот Адам Армстронг во 24 минута.

Со ова Саутемптон им се приклучи на Лестер и Ипсвич кои преку основниот дел ги обезбедија првите две места кои гарантираат влез во ПЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни