„Светците“ ја посрамотија Шкендија, македонскиот првак оди во следната рунда (Видео)

tns-skendija

Лошата игра во одбрана ја доведе Шкендија во незавидна позиција на гостувањето кај ТНС во Велс (4:0), но македонскиот шампион успеа да избори пласман во следното коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Шкендија го започна натпреварот со предност од 5:0 од првата средба, а тоа очигледно влијаеше негативно врз настапота на тетовци, кои започнаа и со променет состав. ТНС го постигна првиот гол во 15. минута, за до 33. минута Велшаните да имаат предност од 3:0 и сериозно се заканија да ја стопат големата негатива.

Ибраими и Радески беа засилувања од првата минута на вториот дел, но Шкендија не успеа да постигне барем еден гол со кој се чини ќе ја решеше дилемата за патникот во следната рунда. Наместо тоа, ТНС постигна уште еден гол во 96. минута за максимална драма во последните секунди и победа од 4:0, што сепак не беше доволно за елиминација на македонскиот претставник.

Facebook Коментари