Поврзете се со нас

Свет

„Светците“ имаат нов предводник: ПСЖ го промовираше наследникот на Раул Гонзалес

Објавено

на

foto: x.com/psghand

Поранешниот македонски селектор и екс тренер на Вардар, Раул Гонзалес ја завршува приказната со Пари Сен Жермен по крајот на актуелнава сезона.

Познато е дека тој во иднина ќе ја води репрезентацијата на Србија, предизвик на кој максимално ќе му се посвети, а ПСЖ пак во кампањата 2025/2026 ќе влезе со нов тренер и тоа во името на 48-годишниот Стефан Мадсен.

Мадсен доаѓа од редовите на Ал Ахли од Египет. Договорот е со важност од две години, договор кој го доби и Хенрик Мелград кој се враќа на познато место сега во улога на асистент на главниот стратег.

-Исклучителна чест ми е што му се приклучувам на Пари Сен Жермен. Ова е огромна одговорност, но и вистински предизвик кој го прифаќам со ентузијазам. Со нетрпение очекувам да работам со играчите и целиот персонал, да го донесам мојот тактички пристап и да го напишам следното поглавје во историјата на клубот. Убеден сум дека заедно можеме да ги постигнеме најголемите цели, -порача Мадсен кој двапати го однесе Алборг до финалето на ЛШ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни