Мото ГП
Сузуки постигна договор за напуштање на МотоГП

Тимот на Сузуки ќе се повлече од МотоГП шампионатот по крајот на актуелната сезона, потврди денеска промотерот „Дорна“.
Однапред најавеното повлекување мораше да мине низ фаза на преговори со сопствениците на МотоГП, а сега двете страни постигнале договор оваа сезона да биде последна за Сузуки.
Јапонскиот производител најави дека се повлекува од МотоГП, но и автомобилските трки на издржливост како 24 часа Ле Ман поради актуелната економска ситуација и желбата да ги алоцира инвестираните средства на друго место.
Сузуки и претходно се повлече од МотоГП и тоа во 2011 година, за да се врати во 2015 година, за пет години подоцна да ја освои титулата со Жоан Мир.
Мир и неговиот клупски колега Алекс Ринс во моментов се на осмото и деветтото место во генералниот пласман, а Сузуки појасни дека поддршката за нив останува до крајот на сезоната.
-
Англијапред 22 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Англијапред 24 часа
Челси договори засилување од редовите на Интер
-
Шпанијапред 7 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Формула 1пред 6 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Англијапред 6 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 9 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Светпред 17 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!