Поврзете се со нас

Англија

Суспензијата му заврши, Тони најави трансфер: Сакам да играм во клуб кој се бори за трофеи

Објавено

на

Foto:instagram.com/ivantoney1

Ајван Тони доби 8-месечна суспензија поради нелегално обложување на фудбалски натпревари, а откако го издржа овој период, сега може да им се врати на натпреварите со својот клуб Брентфорд.

Сепак, фановите на лондонскиот состав нема да бидат презадоволни од првото интервју на напаѓачот, бидејќи тој навести дека нема ништо против брз трансфер во поамбициозен клуб.

– Никогаш не можеш да знаеш кога ќе биде вистинскиот момент за трансфер, но она во што сум сигурен е дека сакам да играм за топ клуб.

– Секој сака да игра за врвен клуб кој се бори за трофеи, па ќе видиме дали овој јануари ќе дојде вистинската понуда која ќе му одговара и на клубот.

– Најважно е што ги оставам проблемите зад себе и концентриран сум на обврските и натпреварите кои доаѓаат, – истакнал Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни