Поврзете се со нас

Македонија

Суспендиран теренот во Кавадарци, Вардар доби победа од 3-0

Објавено

на

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе првична одлука за натпреварот меѓу ГФК Тиквеш 1930 и Вардар кој во неделата не го дочека официјалниот крај, поточно беше прекинат во самата завршница откако беше погоден помошниот судија Гоце Петрески.

ФФМ ја информираше јавноста дека според член 77, 87 и 90 од Правилникот на натпревари, суспендиран е теренот во Кавадарци, суспензија која ќе трае се до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија.

Воедно комисијата за натпревари на ФФМ го регистираше мечот меѓу Тиквеш и Вардар со резултат 0-3, поточно „црвено-црните“ добија службена победа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни