Поврзете се со нас

Свет

Суровата корона-реалност: Легендарен босански кошаркар почна да работи како доставувач на леб (Фото)

Објавено

на

Коронавирусот имаше негативно влијание врз многу големи клубови кои имаат милионски обрт на пари, а лошите финансиски последици кои ги предизвика оваа пандемија сега ни донесе и една непосакувана слика од Босна.

Босанските медиуми распалија по спортските федерации во оваа земја, бидејќи не изнајдоа начин да му најдат работно место на човекот кој е рекордер по бројот на настапи во кошаркарската репрезенација на Босна и Херцеговина.

Легендарниот Лериќ остана без ангажман во кошарката, па во време кога треба да се егзистира на било каков начин, се вработил како доставувач на леб во позната босанска компанија „Клас“.

– Мислев дека засекогаш ќе останам во спортот, но во овие тешки времиња, ништо не може да се предвиди. Ми се затвори вратата кадешто најдобро се снаоѓав, но ми се отвори нова. Спортски работник не може да си дозволи да не работи пола година, како што беше ситуацијата поради коронавирусот. „Клас“ имаше разбирање за мене за разлика од другите кои имаа празни ветувања. Додека им требаш те користат, а потоа ти го вртат грбот, – порачува разочараниот Лериќ.

Инаку, покрај тоа што што мина 12 години во репрезентацијата на Босна, Лериќ настапи и на пет европски првенства, а желбата на цела босанска јавност е дека ќе дочека подобри денови и ќе се врати на паркетите како кошаркарски работник, онаму каде што припаѓа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни