Поврзете се со нас

Шпанија

Суровата изјава на Чави која го најави „случајот Олмо“ уште пред седум месеци (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес си замина од Барселона на крајот на минатата сезона, но пред да го направи тоа, испорача една изјава која одѕвонува во Каталонија и на самиот старт на 2025-та година.

Пред да заработи отказ од претседателот Жоан Лапорта, Чави беше максимално објективен и транспарентен при средбата со шпанските новинари, на кои им порача дека Барселона како клуб не може да се носи и да им парира на најмноќните клубови во Шпанија и Европа на финасиски план.

Чави тогаш нагласи дека пазарната моќ на Барса не е ни одблику од идеална, а со оглед на тоа што изјавата ја даде во месец мај, истата сега стана вирална во ситуација кога клубот не успеа да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната.

– Каталонците, сосиосите и навивачите на клубот треба да сфатат дека ситуацијата е многу тешка, пред се на економски план. Во овој момент не можеме да се носиме со најголемите противници како што е Реал Мадрид во Шпанија, но и многу останати во Европа. Сега сме во финансиска ситуација каква што не се памети во последните 25 години.

– Порано кога доаѓаше еден тренер, само велеше: Го сакам овој, овој и овој играч……. Сега повеќе не е така, немаме исти услови како останатите најмоќни клубови, – порача Чави во месец мај.

Седум месеци подоцна, испадна дека тоа што го зборуваше Чави е само сурова реалноста, па последен доказ за тоа се недоволните ресурси на клубот да го регистрира навреме најголемото засилување од летниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни