Суперталентот на Реал со реакција откако доби свирежи на „Камп Ноу“

kubo-kamp

Барселона успеа да ја победи Мајорка со 5:2 и се врати на првото место на табелата во Примера, натпревар на кој посебно доминираше Меси, но на кој видовме и нестварен потег од Луис Суарез кој самиот порача дека го постигнал најубавиот гол во кариерата.

Покрај доминацијата на домаќините, вчерашната средба во Барселона ни донесе и враќање на еден фудбалер во овој град, а во случајот стануваше збор за Такефуша Кубо кој изминатово лето направи трансфер во Реал Мадрид. Кубо како суперталент на Реал настапува за Мајорка, а со оглед на тоа што претходно беше дел од младинската школа на Барселона, вчера доби сериозни свирежи од гледалиштето на „Камп Ноу“.

– Свирежите се дел од спортот, публиката може да донесе таква одлука. Јас донесов одлука да направам трансфер во Реал и имаат право да ме свиркаат. Мислам дека го заслужувам тоа. Публиката ме гледа како ривал, а не како 18-годишник кој може да направи нешто добро на теренот. Задоволен сум што имаше и по некој аплауз за време на свирежите, – порача Кубо.

Facebook Коментари