Суперталентот на Реал го дочека својот ден: Елегантни движења и дебитантски гол во Примера (Видео)

kubo-prvgol

Такефуша Кубо како огромен талент пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ изминатово лето, но Реал Мадрид брзо одлучи дека фантастичниот играч за врска со голем потенцијал најпрво треба да стекне доволно искуство во Примера, пред да добие шанса во првиот тим.

Кубо замина на позајмица во Мајорка каде веќе одигра неколку солидни натпревари, но ова попладне дефинитивно го имаше своето најдобро издание во црвениот дрес, а воедно и во шпанската елита. Суперталентиот на Реал најпрво со фантастични движења изнуди пенал за 1:0, а потоа и со одличен гол ги постави конечните 3:1 на пресметката против Вилјареал, со што дојде до својот дебитантски погодок во Ла Лига.

Facebook Коментари