Суперсоничните се враќаат на сцената, Сиетл повторно ќе има НБА клуб?

KeyArena

НБА лигата ужива голема популарност во глобални рамки, а само најмладите фанови на ова натпреварување не паметат дека еден од клубовите со голем број фанови остана без својата франшиза во 2008 година.

Се работи за Сиетл Суперсоникс, екипата која во 90-те години на минатиот век беше позната по тандемот Пејтон-Кемп, а ја освои титулата во 1979 година. Во 2008-та, франшизата ја доби Оклахома која и денеска се натпреварува во НБА, но на повидок е и враќање на Сиетл, што сигурно ќе биде одличен потег за градот, но и раководството на лигата.

Градските власти деновиве го одобрија реновирањето на „Ки Арена“ каде ќе бидат вложени 660 милиони долари, а тоа би требало да доведе до формирање НБА клуб до крајот на оваа деценија.

Facebook Коментари