Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Суперлигашкото“ трио добило потврда дека ќе учествува во Лигата на шампионите

Објавено

на

Барселона, Реал Мадрид и Јувентус и дефинитивно ќе играат во новата сезона на Лигата на шампионите и покрај тоа што имаат сериозен спор со УЕФА.

Европската фудбалска федерација реши да отвори дисциплинска постапка за трите клуба кои не се повлекоа од проектот Супер лига, а тоа беше најава за сериозни казни и исфрлување од елитното натпреварување.

Сепак, по судски пат триото успеа да ја натера УЕФА да ја прекине дисциплинската постапка, а денеска клубовите официјално добиле допис според кој ќе бидат учесници во сезоната 2021/22.

УЕФА денеска фактички ги пратила специјалните дописи до сите клубови кои ќе бидат дел од ЛШ, а истите стигнале и кај „суперлигашкото“ трио.

Јасно е дека Реал, Барса и Јуве ќе бидат дел од Лигата на шампионите, но започнатиот судски процес за преиспитување на надлежноста и правото на УЕФА да спречува ново натпреварување може да донесе сериозни промени на актуелната поставеност на сите страни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни