Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Новата сезона на Лигата на шампионите започнува следната недела, а за фановите посебно интересно ќе биде да го проследат првото издание на најелитното европско натпреварување со нов формат и вкупно 36 учесници во главната фаза.

Статистичарите на „ОПТА“ детално ќе ги следат бројките кои ќе ги генерираат фудбалерите и натпреварите, а во пресрет на почетокот направена е и анализа за фаворитите за триумф во ова натпреварување.

Суперкомпјутерот ги одредил шансите на екипите за секоја фаза, а Манчестер Сити е истакнат како тим со најголеми шанси да стигне до трофејот. Реал Мадрид е на второто место, додека Интер е трет и е последен тим со над 10 проценти шанса да го подигне пехарот со големи уши.

Следуваат Арсенал, Баер Леверкузен, Барселона, Ливерпул, Баерн Минхен, ПСЖ и РБ Лајпциг, а за италијанските фанови посебно интересно е што суперкомпјутерот и дава повеќе шанси на Аталанта за секоја фаза во споредба со Јувентус.

„ОПТА“ направи анализа и на ждрепката за главната фаза, па најтешка имале ПСЖ, Ливерпул и Спарта Прага, додека најповолна ждрепка имале Селтик, Баерн, Борусија и Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни