Поврзете се со нас

Англија

Суперкомпјутер предвиде кој ќе ја освои Премиер лигата, два тима од Лондон ќе бидат во Топ 4 (ФОТО)

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Три кола се одиграа во Премиер лигата, а само два тима беа перфектни или поточно освоија максимален број на бодови и тоа бранителот на пехарот Манчестер Сити и Ливерпул кој има „три од три“ без примен гол.

Секако можат да се донесат заклучоци по овој старт, почеток на кампањата, меѓутоа има уште многу да се игра, уште 35 рунди што значи се може да се промени.

Меѓутоа ова не беше проблем за суперкомјутерот да даде прогноза за тоа како ќе изгледа конечната табела на крајот на натпреварувачката 2024/2025, односно кој ќе биде шампион, кој ќе биде во Топ 4, ќе обезбеди место во Европа, но и кои состави ќе ја напуштат елитната англиски конкуренција.

Ако ова е точно Сити ќе продолжи да доминира и одново ќе биде прв со убава предност од 9 поени пред второпласираниот Арсенал.

Трет ќе биде Ливерпул, четврти Челси по што следува Њукасл. Манчестер Јунајтед одновно ќе биде разочарување и ќе заврши дури на осмата позиција.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни