Поврзете се со нас

Англија

Суперкомпјутер предвиде кој ќе биде шампион во Премиер лигата (ФОТО)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/premierleague

Пред нас е стартот на новата сезона во Премиер лигата, сезона во која одново трофејот ќе го брани тимот на Манчестер Сити.

Сити веќе некое време доминира во англискиот фудбал и целта, амбицијата на овој клуб е да продолжи тоа да го прави, да остане на врвот, меѓутоа тоа нема да биде лесна мисија затоа што има тимови кои можат да го предизвикаат составот предводен од Пеп Гвардиола.

Официјалниот старт на кампањата е закажан за 16 август со дуелот на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер Јунајтед и Фулам, но во меѓувреме имаме предвидување за тоа што може да се очекува од престојнава сезона, поточно суперкомпјутер даде видување за тоа како ќе изгледа табелата на крајот на натпреварувачката 2024/2025.

Сити ќе остане прв пред Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед кои ќе бидат во Топ 4. Лигата ќе ја напуштат Саутемптон, Лестер и Испвич, тројката која само што влезе во елитната англиска конкуренција.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни