Поврзете се со нас

Англија

Суперкомпјутер направи симулација, има нов фаворит за шампион во Англија!

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Вчера и завчера беа одиграни натпреварите од 30. коло во Премиер лигата, рунда во која фокусот беше на „Енфилд Роуд“ и „Итихад“ каде Ливерпул успеа да го добие Брајтон, додека пак Манчестер Сити и Арсенал ги поделија бодовите играјќи без голови.

По овој епилог „црвените“ го заземаа врвот на табелата и сега имаат два бода повеќе од „топчиите“ и три во однос на бранителот на трофејот што може да биде клучна предност до крајот на сезоната.

Секако ќе биде интересно, возбудливо до последната рунда, а во целата оваа приказна го имаме и суперкомпјутерот на Опта кој по вчерашното коло направи нова пресметка по што имаме нов фаворит за шампион на Англија.

Досега тоа беше клубот од Манчестер, но по последната рунда од 10.000 симулации во прв план го имаме Ливерпул со 47,7 проценти, потоа следи Сити со 33,5, а Арсенал останува трет со 18,8 отсто шанси да биде крунисан за шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни