Поврзете се со нас

Шпанија

Суперкомпјутер направи симулација и предвиде кој ќе биде нов шампион во Примера (Фото)

Објавено

на

Шпанската Примера беше исклучително неизвесна пред да биде означена непредвидена пауза поради коронавирусот, но тоа што претставуавше крајно драматично фудбалско првенство, сега се очекува да биде уште понеизвесно со оглед на тоа што никој не знае во каква форма ќе се вратат тимовите.

До паузата, Барселона имаше минимална предност од два бода пред Реал Мадрид и покрај тоа што загуби на „Ел Класико“ пресметката, но според научниот оддел на „Статс перформ“, каталонскиот гигант ќе биде шампион според истражувањето кое било направено со специјален компјутер.

Суперкомпјутерот прогнозирал како ќе изгледа редоследот во Ла Лига по рестартот на сезоната, такашто била користена најнапредна технологија која дала одговор на прашањето кое ги става во неизвесност сите фудбалски фанови од Пиринеите во овој момент.

Според анализата и направената симулација, Барселона ќе биде шампион со 83 освоени бода, што ќе значи освоена титула со најмалку поени по сезоната 2008-ма кога Реал Мадрид освои 76.

Оваа студија смета дека реактивирањето ќе влијае позитивно врз Атлетико Мадрид кој ќе се избори за третото место, додека последното место во Лигата на шампионите ќе го заземе Севилја. Суперкомпјутерот за крај прогнозира дека од елитата ќе испаднат Леганес, Мајорка и Еспањол.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни