Поврзете се со нас

Англија

Супер вест за фановите на Ливерпул: Човекот кој ги договори Ван Дајк, Алисон и Салах се враќа на „Енфилд Роуд“ (Фото)

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Ливерпул одигра извонредно дерби против Манчестер Сити и оваа сезона повторно се бори за титулата во Премиер лигата, и тоа во сезоната која излезе дека ќе биде последна за Јирген Клоп како менаџер на „црвените“.

Германецот најави дека си заминува од „Енфилд Роуд“ и со тоа автоматски значи дека ќе се стави крај на една ера во клубот, кој сега полека се подготвува за новите правци кои треба да ги фати од претстојново лето.

Раководството на Ливерпул остана изненадено од одлуката на Клоп, па во негово отсуство, ќе се обиде да го гради проектот со човекот кој беше многу важен на „Енфилд“ од 2012-та до 2022-ра година.

Мајкл Едвардс во својата етапа како спортски директор донесе имиња како Ван Дајк, Алисон, Салах и Мане во Ливерпул, но ако пред две години беше незадоволен од начинот на кој се трансформирала неговата улога, сега се свесен дека ќе биде многу важен за новиот правец кој ќе го фати клубот.

Како што јавуваат најугледните британски медиуми, Ливерпул договорил враќање на славниот директор и тој дал зелено светло за кам-бек на „Енфилд“, па иако се уште не му е прецизирана позицијата, јасно е дека ќе врши важна и одговорна оперативна функција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни