ВТА
Супер Лина ја уништи првата носителка на турнирот во Србија
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со моќно издание ја суреди првата носителка Пана Удварди на ИТФ фјучерсот во Куршумлијска Бања (Србија) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари.
Ѓорческа покажа сила, знаење и квалитет против Унгарката која е 98 позиции подобра од ВТА листата, односно и одржа лекција која и овозможи пласман во четвртфиналето на турнирот.
Пресметката на теренот број три траеше 1 час и 13 минута, период во која Лина ја реши фаворитката во два сета. Македонката газеше во првиот и го доби истиот со 6-0, додека во вториот имаше поголема борба која на крајот и припадна на тетовката со 6-3.
Статистички гледано нашиот рекет освои 22 поени повеќе од противничката (63/41), искористи шест од единаесет брејк топки, Унгарката во овој дел имаше еден од четири.
За место во полуфиналето Ѓорческа ќе се надигрува со Далила Јакуповиќ од Словенија, тенисерка која денеска без борба го доби соочувањето со Каролине Вернер од Германија.
-
Лига на нации18 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан19 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Шпанија18 часа
Иниеста за тврдењата дека е навивач на Реал: Кажани се работи…
-
Лига на нации14 часа
Митровиќ со супер гол ја запечати победата на Србија, Шпанија во финишот ја „скрши“ Данска (ВИДЕО)
-
Лига на нации15 часа
Фудбалерите тренираа во Ереван, подготвени се за жестока битка со Ерменците (ФОТО)
-
Шпанија23 часа
Де ла Фуенте: Фудбалерите треба да одмараат во клубовите, а не во репрезентациите
-
Шпанија22 часа
Барселона се уште исполнува финансиски обврски кон Меси, Алба и Бускетс
-
Лига на нации19 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија