Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Супер лигата со официјално соопштение најави детали за новото натпреварување

Објавено

на

Основачите на новата европска Супер лига и официјално испратија соопштение во кое го најавија новото натпреварување, кое ќе издвои дел од најголемите клубови од куповите организирани од УЕФА.

12 клубови се основачи, а тоа се Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем, а бројот на учесници ќе биде зголемен наредниот период.

– Дванаесет од водечките европски клубови решија да формираат ново натпреварување чие име ќе биде Супер Лига. Најавено е дека уште три клуба ќе се придружат во првата сезона, која очекуваме да се случи во најбрзо време.

– Основачите планираат да водат разговори со УЕФА и ФИФА за да работат заедно како партнери и да обезбедат најдобро сценарио за сите клубови, – стои во дел од соопштението на Супер лигата.

УЕФА веќе најави ригорозни казни и санкции за учесниците, а засега на Супер лигата се противат и националните лиги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни