Поврзете се со нас

Македонија

Супер лигата пред целосен прекин: Работнички пријави 16 позитивни играчи на коронавирус

Објавено

на

Одговорните луѓе на РФМ се пред сериозен предизвик во наредните неколку дена, бидејќи денеска се соочија со нов сериозен проблем поради која најверојатно ќе мора да биде прекинато ракометното првенство.

По позитивните случаи на коронавирус во Голден Арт КЛ7, Радовиш и Охрид, ракометната Федерација донесе одлука да биде суспендирана Групата А, но сега се заканува иста судбина и за групата Б откако има огромен број на заразени во еден тим.

Ракометниот клуб Работнички ја информираше јавноста дека дури 16 ракометари се позитивни на КОВИД 19 на последното клупско тестирање, што во превод значи дека речиси целиот тим е позитивен на коронавирус.

Ова значи дека цел состав ќе мора да оди во изолација, а бидејќи станува за прв случај на заразени во групата Б, многу веројатно е дека ќе биде суспендирана цела Супер лига.

Во наредниот период се очекува официјална објава на РФМ за ова непосакувано сценарио, по кое не се исклучува опцијата сите натпревари во продолжение да се играат само во една сала и да се игра во забрзан распоред.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни