Поврзете се со нас

Шпанија

Супер лигата испрати соопштение по откажувањето на премиерлигашите: Англичаните беа принудени на ова!

Објавено

на

И покрај заминувањето на шесте англиски клуба, планот на Супер лигата засега и натаму останува реален, бидејќи останатите шест клуба основачи се огласија со соопштениe откако премиерлигашите го свртеа грбот 48 часа по објавувањето на сензационалната вест.

Манчестер Сити, Јунајтед, Челси, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал беа потписници и основачи на таканаречената Супер лига и се покажаа како први кои потпаднаа под притисокот од целокупната јавност, но затоа останатите шест клуба, по три од Италија и Шпанија се уште не се откажуваат од намерата да го истераат планот докрај.

Секако, работите за главните организатори Флорентино Перез и Андреа Ањели сега се крајно посложени, но во нивното соопштение се вели дека проектот се уште не е „мртов“ и покрај откажувањето на Англичаните.

– Убедени сме дека статусот на европскиот фудбал треба да подлежи на промена и предложивме ново натпреварување бидејќи актуелниот систем не функционира на адекватен начин. Нашата понуда има за цел да ја развие фудбалската индустрија и цела фудбалска пирамида да добие вредност. Ова е одлична шанса да се надминат финансиските потешкотии генерирани од пандемијата, а главна цел е фудбалското семејство да биде солидарно.

– И покрај заминувањето на шесте англиски клуба, кои беа приморани да донесат таква одлука поради притисокот кои го имаа од одредени луѓе, ние сме убедени дека нашата понуда е коректна и сигурни сме дека сите судови го бранат нашиот Суперлигашки проект, – гласи соопштението на останатите шест суперлигаши.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни